Утрински Весник
Македонија

Битиќи: На 8-ми мај да ги замолчиме гласовите на насилството и поделбите

Image 2024 04 27 202051319.png
Dik 300x250 mk

„Пред 7 години бевме доведени пред граѓанска војна само поради лична и тесно-партиска кусогледост и алчност на ВМРО-ДПМНЕ. Насилно и крволочно влегоа во Собранието бидејќи не сакаа да ги ослободат заробените институции”, вели во видео обраќањето по повод упадот во Собранието на 27 април 2017 година, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

„Ова ВМРО-ДПМНЕ денес е истото од тој 27-ми април пред 7 години. Тоа го гледаме во секоја нивна порака за раздор и поделба и денес кога повторно ја бараат вашата доверба.
Затоа на 8-ми мај да ги замолчиме гласовите на насилството и поделбите и да се обединиме. А тоа зло – НИКОГАШ да не се повтори”, вели Битиќи и порачува дека „ние не сме случајни минувачи низ нашата Македонија – ајде заедно да бидеме архитектите на една стабилна и европска иднина за нас и нашите деца”.

Можете да прочитате

Лишен од слобода бегалец од затвор, осуден на затворска казна од девет години и еден месец

Продлабочувањето на соработката во фокус на средбата Минчев-Сулстром

ЕУ објави конкурс за доделување 40.000 бесплатни билети на 18-годишници за патување ниа Европа