Утрински Весник
Спорт

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Screenshot 2024 04 24 142507 850x491 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кошаркарите на Денвер ја забележаа втората победа во серијата од разигрувањето против ЛА Лејкерс (101:99), но победата падна во втор план по видеото на кое се гледа тепачка на трибините во која учествуваат браќата на Никола Јокиќ.

Откако влегол во расправија со еден навивач Страхиња Јокиќ со тупаница го удрил навивачот во глава и со тоа предизвика лавина коментари. Видеото ги преплави социјалните мрежи, а набрзо полицијата објави дека отворила истрага и побара сведоците на настанот да помогнат во пронаоѓање на жртвата која не го пријавила случајот. Покрај барањето за забрана за влез на натпреварите од НБА-лигата за Страхиња, се појави и барање двократниот МВП и кандидат за трето шпризнание Никола Јокиќ да биде суспендирани. Одредени навивачи сметаат дека со суспензија на првиот играч на актуелниот шампион Денвер, Јокиќ, НБА лигата би испратила јасна порака дека ќе биде ригорозна во иднина за ваквите ситуации.

Можете да прочитате

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место