Утрински Весник
Магазин

Бела Хадид предизвика хаос на Инстаграм поради поддршката на Палестина

Bella Hadid Scaled.jpg

Инстаграм реагираше на објавата на Бела Хадид за фотографија од деца од Сирија. Манекенката сподели слика од деца во Јармук по нападот на Башар ал Асад за време на сириската граѓанска војна, заедно со порака за поддршка за Палестина.

-Газа ми е во мислите – напиша Бела.

Откако корисниците на социјалните мрежи почнаа да истакнуваат дека фотографиите се од бегалски камп во Сирија, Инстаграм додаде белешка дека нејзината објава нема важен контекст и може да ги доведе луѓето во заблуда, пишува Дејли Мејл.

Белешката води до веб-страница во која се објаснува дека сликите се од бегалски камп во Сирија.
Фотографијата остана на Инстаграм на Хадид речиси еден ден откако беше објавена и беше лајкувана повеќе од милион пати.

Ова не е прв пат Хадид, чиј татко е роден во Палестина, да споделува слики од Сирија во кои нема контекст.

-Илјадници невини Палестинци, мажи, жени и деца затворени без судење – напиша таа еднаш.

Сириско-Американците ја ппрозваа поради нејзините погрешни објави за војната.

Таа зборуваше на почетокот на конфликтот и веќе привлече внимание со поддршката на Палестина.

Можете да прочитате

Оркестарот Џамбо Агушеви имаше настап за паметење и прераскажување во Тирана

Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми

Си Ен Ен објави вознемирувачко видео на кое раперот Пи Диди брутално ја тепа поранешната партнерка Каси