Утрински Весник
Балкан

(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина

Atina Saharski.jpg

Атина и јужните делови од Грција повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот. Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“. Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews. Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.

Можете да прочитате

Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000 ученици, најголем пад е забележан на истокот од земјата

Брнабиќ најави брзо конституирање на новото Собрание на Србија, датумот сè уште не е објавен

Двајца загинати во превртување автобус со српски таблички во Хрватска