Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните и ви кажувам дека на 8 мај победуваме!

Screenshot 2024 04 21 175537.png

На само неколку дена пред првиот круг на гласање за претседател на Македонија, од денешниот централен митинг во Скопје актуелниот шеф на државата и кандидат за нов мандат Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ и коалицијата, искажа верување дека по повеќе од три децении независност, македонските граѓани многу добро знаат да препознаат чија програма е реална, а која е во расчекор со времето во кое живееме. „Овој претседател и оваа политичка гарнитура никогаш не давале лажни надежи и ветувања за брза реализација на стратешките цели на државата. И денес пред вас, не велам дека Македонија за само неколку години ќе биде најразвиената држава во Европа, не ветувам дека целиот тој процес ќе трае само неколку месеци, но, говорам и повторувам секаде дека најголемиот ризик е ако на изборите им дадеме шанса на оние за кои претходно веќе видовме како владеат со луѓето цели 11 години“, истакна Пендаровски. Денеска тој повика на масовна излезност на 24 април и на 8 мај, за како што рече, да не се враќаме во режим. „Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека победуваме на 8 мај. Со заокружување на бројот 1 продолжуваме кон Европа и кон развиениот свет и дефинитивно не се враќаме назад во режим и заробена држава“, рече Пендаровски и додаде: -Христијан Мицкоски и Гордана Силјаноска го лажат народот и секој ден повторуваат дека уставни промени нема да има под бугарски диктат, а пред странските дипломати изразуваат формална подготвеност за деблокада, истакна кандидадтот за претседател на СДСМ и коалицијата.

Можете да прочитате

Со поддршка на Агенцијата за филм во моментов се снимаат три македонски долгометржани филмови

Костовски се заблагодари за кандидатурата: Одимe на победа, Куманово може подобро!

Со новите предлог кандидати за градоначалници, СДСМ најави дебакл на изборите, велат од ВМРО-ДПМНЕ