Утрински Весник
Македонија

Претставничкиот дом на САД одобри воена помош за Украина и Израел

20240420201943 Big 730x400 80.webp.webp

Претставничкиот дом на САД одвоено гласаше за пакетите воена помош за Украина, Израел и за индо-пацифичкиот регион, кој го опфаќа Тајван. Помошта за Тајван веќе беше одобрена претходно денеска.

Трите пакети се дел од предлог-законот за помош во вкупна вредност од 95 милијарди долари. Помошта е на предлог на Владата на американскиот претседател Џо Бајден.

Предлогот предвидува 60,8 милијарди долари помош за Украина, 26,4 милијарди долари за Израел и 8,1 милијарди долари за индо-пацифичкиот регион, вклучувајќи го и Тајван.

Предлог-законот сега оди во американскиот Сенат, горниот дом на Конгресот.

Можете да прочитате

Пешаците преминувале каде што ќе стигнат, возачите не им давале предност – 175 прекршоци

Работник почина од струен удар во Кондово

Јавна дискусија за ЗОРОДУ: Јасни надлежности и одговорност како темел на функционална државна управа