Утрински Весник
Македонија

Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци

Polici a 1.webp.webp

Кавадарчанец затруен од наркотици бил пронајден во бессознание во двор во Кавадарци, информираа денеска од СВР Велес.  

– Вчера во 12.00 часот во ОВР Kавадарци, од Итна медицинска помош било пријавено дека во дворот на М.К.(42) од овој град, во бессознание бил пронајден кавадарчанецот Б.О.(40),  кој бил затруен од наркотични средства. Подоцна, со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на М.К., при што била пронајдена и одземена таблета екстази. М.К. бил лишен од слобода, појаснија од СВР Велес. 

 Оттаму додадоа дека по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Можете да прочитате

Вечерва почнува 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки”

СДСМ: Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери!

МИСТЕРИЈА ВО КОЧАНИ: Дрон двапати влетал во спална соба – семејството тврди дека ги снимал додека спиеле