Утрински Весник
Скопје

Хуманитарен настан за лекување на Кара Селовска

20240420010132 Big 730x400 21.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Општина Центар денеска во Паркот на Франкофонијата организира музички хепенинг за собирање средства за лекување на Кара Селовска. Настанот е во организација на сите осум основни училишта и со поддршка на Општина Центар.

Кара има 12 години и е ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци” во Општина Центар. Поради сериозни компликации во моментов е хоспитализирана на клиниката во Барселона, Шпанија поради дијагностицирање на нејзината болест.

Ова е втора акција која Општина Центар ја организира за собирање средства за лекување. Претходно пензионерите од Центар организираа аукција на слики преку која собираа донации за Кара.

Можете да прочитате

Дедо Мраз сo волшебен воз ќе пристигне на железничка во Скопје

Густа магла утринава во Скопје, дел од летовите на аеродромот одложени

Делови од Бутел без струја