Утрински Весник
Магазин

Култното дуо Мекартни-Ленон се обнови: Синовите на славните Битлси објавија песна

2257539.jpeg
Dik 300x250 mk

Џејмс Макартни и Шон Оно Ленон заедно ја напишаа песната „Примроус Хил“ која беше објавена пред неколку дена и веднаш ги воодушеви многубројните фанови на нивните славни татковци.

Објавувањето на песната во петокот го најави Џејмс Мекартни. Многу сум возбуден што можам да ја споделам мојата нова песна, која ја напишав заедно со мојот драг пријател Шон Оно Ленон“, објави тој на Инстаграм, заедно со селфито со синот на Џон Ленон.

„Со објавувањето на оваа песна навистина добивате чувство на зачувување на континуитетот“, додаде пејачот.

Песната е меланхолична балада со очигледно влијание на нивните татковци, а насловот се однесува на истоимената лондонска област.

Песната не остана незабележана на социјалните мрежи, каде ја поздравија фановите на Битлси.

„Ако ги затворите очите, ги слушате истите гласови!“, како да пеат Џон Ленон (починал во 1980 година) и Пол Макартни, коментира еден на Инстаграм. „Никогаш не мислев дека ќе слушнам нова песна на Ленон и Макартни во 2024 година“, објави друг.

Песната ја промовираше и Пол Макартни (81), честитајќи му на својот син на Фејсбук. „Мојот син Џејмс објави нова песна наречена „Примроус Хил“. Слушајте го!“, додавајќи: „Многу љубов за Шон Оно Ленон, кој беше ко-автор на песната“.

Следејќи ги нивните татковци, Џејмс Макартни (46) и Шон Оно Ленон (48) избраа музички кариери, но тие се далеку од глобалниот успех на Битлси. Џејмс работел на албумите на неговиот татко.

Можете да прочитате

Џонатан Бејли прогласен за „Најсексипилен маж на денешнината“ за 2025 година

Енергија, идеи и технологија: Startup Weekend Skopje 2025 – Fintech

Хуманоста на дело: За роденденот на Diamond Mall собрани 600 килограми храна и 10 куќички за бездомните кучиња