Утрински Весник
Свет

Германскиот извоз во Иран значително се зголеми од почетокот на годината

Solc.jpg

Извозот на Гermanija во Иран значително се зголеми od почетокот на годината, како одраз на закрепнувањето на трговијата од ниската споредбена база во 2023 година под влијание на построги санкции кон Техеран, објави денеска заводот за статистика.

Во јануари и февруари извозот на германска стока во Иран е зголемен за 22 отсто во однос на истиот период лани, на 241 милион евра. Увозот, пак, е намален за 13 отсто, на 41,2 милиони евра.

Германија на почетокот на годината извезуваше главно машини и хемиски и фармацевтски производи во Иран. Во увозот доминираа прехранбените производи, главно ф’стаци и текстилните производи, како што се теписите. Во првите два месеци од оваа година, Иран се најде на 64-то место на листата на дестинации за германски извоз, зад Колумбија и пред Северна Македонија. Уште поскромниот обем на размена го покажува 91-то место на Иран во рангирањето на добавувачи.

Минатата година германскиот извоз во Иран е намален за 24,2 отсто, а увозот за 18 отсто, наведува Дестатис. Размената пропадна во 2018 година бидејќи САД се повлекоа од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма и воведоа нови санкции кон Техеран, потсетува Заводот за статистика. Во јули 2023 година, санкциите беа заострени поради поддршката на Иран за руската инвазија на Украина, додаваат статистичарите.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30