Утрински Весник
Македонија

Одрони од камења на патниот правец Берово – Будинарци, сообраќајот на патните правци пo влажни коловози

Kolovozi.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На патниот правец Берово – Будинарци има одрони од камења каде се зафатени двете коловозни ленти од патот, при што сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Од утре попладне доаѓаат дождови и снегови

Поставена новогодишна елка во Охридското езеро

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да зборува за загаден воздух