Утрински Весник
Скопје

Костадиновска-Стојчевска: Не е доцна Арсовска да почне да ја работи својата работа, Универзална се реконструира по законска процедура

Ministerka Bisera Kostadinovska.jpg

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, вели дека не е доцна за градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска да почне да ја работи својата работа за која скопјани ѝ ја дадоја поддршката и да ја прекине својата игра за пласирање лажни информации за реконструкцијата на Универзална сала и заплашување на граѓаните со манипулативни тврдења. „На градоначалничката која имаше можност две години да започне со реконструкција на Универзална сала и порачувам да почека да заврши истрагата и да води кампања на друга тема, а во меѓувреме наводните упади во Системот на Бирото за јавни набавки да ги пријави пред надлежните органи. Нека ги заштити сопствените профили бидејќи Арсовска е првата која обвинува за упад од кога е воведен Системот за јавни набавки”, вели Костадиновска-Стојчевска. Костадиносвка-Стојчевска, објасни дека процесот на преземањето надлежности за Универзална сала од Град Скопје, Министерството за култура го направи со потпис и од градоначалничката Арсовска и од самата министерка.   „Реконструкција се одвиваат според законска процедура и според проектот кој Арсовска ни го предаде во документацијата, цитиран во Договорот потпишан од неа”, додава министерката која порачува дека нема да дозволи  неуспшните политики и разочарувањето кај граѓаните од  неработењето на Арсовска да бидат покривани со манипулации и лаги за Универзална сала.

Можете да прочитате

Буџетот на општина Бутел ќе биде креиран со предлози од граѓаните

(Видео) Утрово смог над Скопје

ЈСП ќе добие шест еколошки автобуси донација од ЕУ