Утрински Весник
Свет

Нетанјаху: Израел сам ќе ги носи своите одлуки

Netanjahu 2.jpg

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по средбата со шефовите на дипломатиите на Велика Британија и Германија, Дејвид Камерон и Аналена Бербок изјави дека Израел сам ќе донесе одлуки. -Сите тие имаат различни предлози и совети. Јас го ценам тоа. Но, сакам да биде јасно – ние самите ќе ги донесеме нашите одлуки, а израелската држава ќе направи се што е потребно за да се одбрани, изјавил Нетанјаху, пренесува Гардијан. Претходно денеска британскиот министер за надворешни работи Камерон изјави дека дошол на состанокот за да се солидаризира со Израел, но и дека се надева дека неговиот одговор на иранскиот напад ќе биде „паметен и што е можно поограничен“, пренесе Би-Би-Си. Шефицата на германската дипломатија предупреди дека на Блискиот Исток не треба да се случи ескалација на конфликтот.

Можете да прочитате

Русија: САД треба да се откажат од „јазикот на ултиматуми“ кон Иран

Млад човек почина откако беше застрелан за време на полициска потера во Германија

Украина ги отфрла обвинувањата дека е поврзана со откриениот експлозив во Србија