Утрински Весник
Свет

Полјаците не стравуваат од прелевање на војната од Украина во нивната земја

Polska.webp.webp

Резултатите од најновата анкета на агенцијата ИБРИС изработена за полскиот весник „Жечпосполит“ покажуваат дека мнозинството Полјаци не се плашат дека војната во Украина може да се прелее во нивната земја.

Само 27,3 отсто од испитаниците изјавиле дека стравуваат дека конфликтот од Украина може да се прелее во Полска, 53,6 проценти не се плашат, додека 19,1 отсто одговориле дека не знаат.

Најголем страв од проширување на судирите е помеѓу возрасните лица од 70 години – 39 отсто додека кај лицата со основно образование процентот измесува 45, а меѓу активните верници 44 проценти.

Кога Русија ја нападна Украина, во слично истражување од март 2022 година, 45 отсто од Полјаците беа убедени дека војната нема да се прошири во Полска.

Полските власти не реагираа на изјавата на шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба на почетокот на неделата дека американскиот противракетен систем Патриот во Полска може да го брани и воздушниот простор над западна Украина, што би можело Русија да го искористи како изговор за ескалација на конфликтот. 

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години