Утрински Весник
Свет

Азербејџан упати критики до Франција поради притисокот и заканите го отповикувањето на амбасадорката

20240417102835 Big 730x400 44.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Азербејџан денеска ја обвини Франција за притисок и закани врз земјата откако Париз ја отповика својата амбасадорка и ја обвини кавкаската земја за нарушување на билатералните односи.

Азербејџан во повеќе наврати ја критикуваше Франција поради поддршката на земјата за ривалската Ерменија во територијалниот спор меѓу двете соседни земји.

„Азербејџанската страна постојано и наведува на Франција дека зборувањето на јазик на закана и притисок нема да донесе никакви резултати и уште еднаш посочува дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за да ги заштити своите национални интереси“, се вели во соопштението на портпаролот на Министерството за надворешни работи на Азербејџан, Ајхан Хаџизада.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја отповика амбасадорката Ан Бојон во Париз за да разговара за односите со Азербејџан, соопшти вчера Министерството за надворешни работи во Париз.

Можете да прочитате

Саудиска Арабија го проширува пристапот до алкохол за странски резиденти

Кремљ: Европските и украинските измени не ги зголемуваат шансите за мир во Украина

Данската пошта прекинува со достава на писма