Утрински Весник
Свет

Австралија го зголемува буџетот за одбрана

20240417083630 Big 730x400 74.webp.webp

Австралија ќе ги зголеми расходите за одбраната за 50,3 милијарди австралиски долари (32 милијарди американски долари) во следната деценија и ќе го модернизира оружјето, пред сè ракетите, беспилотните летала и воените бродови.

Најголемиот дел од новите расходи, кои вкупно ќе изнесуваат 330 милијарди австралиски долари во следните 10 години, ќе бидат реализирани во последните пет години, зголемувајќи го буџетот за одбрана на 2,4 проценти од бруто домашниот производ БДП до 2034 година. Австралија сега за одбраната издвојува околу два отсто.

Министерот за одбрана Ричард Марлс изјави дека овој буџет ги одразува новите приоритети, како што се ракетите со долг дострел, за кои Австралија верува дека се неопходни во свет каде што потенцијалниот конфликт помеѓу Кина и САД може да има значително влијание врз регионот. 

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата