Утрински Весник
Економија

Tркалезна маса за фриленсерството како можност за (само)вработување

Laptop.webp.webp

Тркалезна маса посветена на фриленсерството во Северна Македонија ќе се одржи денеска, организирана во рамки на проектот „Проширување на можностите за претприемништво на младите и економско зајакнување на жените“, поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави.

Ќе се дискутира за новите нестандардни форми на вработување, со фокус на промовирање на фриленсерството преку дигитални платформи, како можност за самовработување и генерирање дополнителни приходи.

-Фриленсерите се мотивирани од автономија, флексибилност, можноста да се работи на иновативни напредни технологии и да се остварува дополнителна или основна заработка. Меѓу главните предизвици за фриленсерите кои ќе бидат дискутирани се: неможноста за остварување работнички и социјални права (особено за женската млада популација); отсуството на форма во постојното законодавство нуди истовремено и флексибилност за работодавачите и сигурност за работниците; потребата за уредување на статусот во регулативата, дали е потребно да се менува моменталната методологија за мерење на невработеноста, комплексните административни продецури за плаќање на данокот на личен доход при остварувањето приходи од странство; отсуство на интернационални софистицирани решенија за наплата како paypal, воведување виза за дигитални номади и сл., соопшти Импакт фондација. 

Како што наведува, жените и младите луѓе во Северна Македонија ретко се решаваат да почнат со самостојна хонорарна работа (фриленсинг) како опција за развој на нивната кариера или дел од неа. Свеста за можностите кои ги нуди фриленсингот е ниска или многу често се перципира како ниско платена или несигурна работа.

-Главната цел на проектот е да им овозможи на жените, младите луѓе и другите ранливи и маргинализирани групи да ги искористат предностите на економските можности за да го зголемат својот приход и да преземат пристојно (само)вработување, соопшти организаторот на тркалезната маса на која е најавено учество на преставници од владините и невладините организации, од  интернационалните развојни организации, како и независни експерти и фриленсери кои ќе ги споделат своите ставови и гледишта. 

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“