Утрински Весник
Магазин

Ослободете се од токсините во воздухот со помош на овие прекрасни растенија

Areka Palm.jpg

Добро познатото истражување на НАСА докажа дека растенијата во затворен простор изненадувачки ефикасно ги уништуваат токсините од воздухот, кои предизвикуваат симптоми кои се движат од главоболки до развој на алергии и до нарушувања на нервниот систем.

Научниците на НАСА открија дури 50 растенија во затворен простор кои успешно отстрануваат бројни токсини од воздухот, како што се биолошките загадувачи, јаглерод моноксид и азотни оксиди, пестициди и средства за дезинфекција (феноли) и радон.

Д-р. Вулвертон, раководителот на истражувањето, подоцна на овие 50 растенија им додели оценка од 1 до 10 во зависност од ефикасноста на чистењето на воздухот.

Во тестовите спроведени од др. Волвертон, палмата Арека отстрани повеќе толуен и ксилен од кое било друго растение. Толуенот е едно од озлогласените „токсични триа“ (кое исто така вклучува формалдехид и дибутил фталат) за кои е познато дека е опасно по здравјето на луѓето. Тие најчесто се наоѓаат во разредувачите за боја, отстранувачите на лакови за нокти, лепилата и течностите за чистење.

Оваа прекрасна палма исто така успешно го навлажнува воздухот и е одлична за луѓе на кои им пречи претерано сувиот и иритирачки воздух во просторијата.

Меѓу најдобрите пречистувачи се и дамската и бамбусовата палма, каучукот, драцената, филадендронот, фикусот, и папратот.

Едно од растенијата кое е исклучително популарно поради прекрасните бели цветови и лесното одржување, одлично е и за отстранување на испарувањата од алкохол, ацетон, трихлоретилен, бензен и формалдехид. Спатифилум е одличен избор и за оние кои немаат многу време бидејќи лесно расте во полусенка, без претерано често наводнување.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста