Утрински Весник
Македонија

Меѓаши: 307 дојави за проблеми со ментално здравје, повреди и семејни односи кај младите

124990665 Gettyimages 1306560823.jpg

Семејно насилство, проблеми со менталното здравје, запоставување во училиштата и во општеството, па дури и 10 телефонски повици со црни мисли за самоубиство. Ова се само дел од 307-те поплаки што малолетниците, особено на возраст од 13 до 15 години, ги искажале во текот на 2023 година на 24-часовната телефонска линија „Ало Бушавко“ на првата детска амбасада „Меѓаши“.

Од Меѓаши посочуваат дека иако е добро што децата се охрабруваат да побараат помош, предупредуваат дека ова се алармантни бројки за кои институциите треба што поскоро да интервенираат.

-Министерството за здравство и министерството за образование и наука конечно треба сериозно да ја сфатат пораката. Со наша поддршка и со поддршка од комората на психолози да направат протокол, упатство, прирачник, насока како стручните служби, наставниците, воспитувачите во градинките и секаде каде што децата престојуваат да соодветно постапат за да не се случи да се одземе детски живот заради негрижа на институциите,-Драги Змијанац – извршен директор на Меѓаши.

Со оглед на тоа што адолесенцијата е период на драстични физиолошки и хормонални промени, психологот Јорданка Трајкоска објаснува дека секој човек може да помогне на својот најблизок во спечување на самоубиствените мисли преку морална поддршка, изкажување на љубов и чувство на припадност. Според неа клучно е и препознавато на предупредувачките знаци дека некој има суицидни мисли.

-Многу честото споменување дека сака да се убие, дека сака да даде рабои коишто му значат, се повкелува во себе, од пријатели од роднини, прави промени во сопственото однесување и во исхраната и во спиењето и во дружењето. Мит е дека ако зборуваме за самоубиството ќе потикнеме самубиство, напротив така ја кршиме стигмата и табуто, треба да се зборува,-Јорданка Черепналкова Трајкоска– психолог.

Најчестите причини за кои децата се обратиле и побарале помош на бројот на Ало Бушавко се однесуваат на ментално здравје, повреда, семејни односи и пристапност. Децата најчесто бараат помош за проблеми со гнев, страв, вознемиреност, емоционално и физичко насилство, проблеми со пристап до образование и до здравствена заштита.

Можете да прочитате

Мојсоска бара вонреден надзор за сите што поседуваат дозволи за експлоатација во Струга

Кривично ќе се гони полицаецот што возел без возачка дозвола

Нова кривична пријава против екс градоначалникот на Кичево