Утрински Весник
Македонија

Мисајловски: За да почнат промените во Македонија потребна е масовна поддршка за Силјановска Давкова 

Vlado Misajlovski 16.04.2024.jpg

Денеска сме повторно во Куманово, со нас е и нашиот технички министер за труд и социјала Ѓоко Велковски, но и кандидати за пратеници, добри луѓе од Куманово. Овде сме со повозрасните денеска да се видиме на оваа средба со пензионерите и да ги слушнеме нивните маки се разбира. Колку што може да слушнеме од секој еден од нив е дека последните 7 – 8 години навистина тешко се живее, дека оваа власт апсолутно не обрнува внимание на нивните проблеми. Како што спомена министерот многу е тешко да се издржи целиот месец со малите пензии.

Сакам да ги повикам сите граѓани за да почнат промените во Република Македонија денот за промени е 24 април. На 24 април масовно и сплотено со поддршката за Гордана Силјановска Давкова започнува македонската револуција односно народот да се сплоти и да го започне првиот круг за избор на новата претседателка, а тоа е нашата професорка, а потоа на 8 мај да ги  повикам уште повеќе, уште позасилено да направиме историја и да стигне нова влада, бидејќи таа нова влада ќе има обврска да ги зголеми пензиите и да направи на овие прекрасни луѓе еден подобар и подостоинствен живот за сите не само тука во Куманово, туку насекаде во Македонија.

Можете да прочитате

Министерството за животна средина отстапи движни ствари на повеќе општини, за потребите на училиштата вклучени во ГЛОБЕ програмата

Одреден бројот на студенти кои ќе се запишат на Воената академија во учебната 2024/2025 година

Владата да подготви информација за статусот на Нов фудбалски стадион, а општина Тетово да прекине со работите на теренот додека нема правна разврска на случајот