Утрински Весник
Свет

Гроси загрижен поради можноста Израел да ги нападне иранските нуклеарни постројки

Picture 734 660x487 1.jpg

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси изјави дека е загрижен поради можноста од израелски напад врз иранските нуклеарни постројки, но и дека инспекциите на тие објекти ќе продолжат денеска. Тој наведе дека Иран на 14 април, еден ден по нападот врз Израел, ги затворил своите нуклеарни постројки „од безбедносни причини“. Тие беа повторно отворени вчера, а Гроси најави дека инспекторите денеска ќе продолжат со своите активности. Израелскиот воен врв вчера предупреди дека ќе одговори на иранскиот напад, извршен како одговор на израелскиот воздушен напад на 1 април врз Конзулатот на Иран во Дамаск, во кој загинаа 13 луѓе, меѓу кои седуммина високи членови на Иранската револуционерна гарда.

Можете да прочитате

Интерпол уапси повеќе од 1.000 осомничени за кибер криминал во Африка

На сила стапи договорот за прекин на огнот во Либан

Еден ден по несреќата во Црвеното Море пронајдени се пет преживеани