Секој број има соодветен елемент, а тоа се воздух, оган, земја, дрво и вода. Овие елементи можат да откријат многу за личноста, нивните обичаи и многу други работи
На пример: Ако сте родени во 1987 година, ќе го изберете бројот 7 и тој е елементот на оган.
Елемент 1: Метал – Последниот број во годината на раѓање е 0 или 1
Луѓето родени под елементот на метал имаат сила на карактерот и издржливост. Овие луѓе се праведни и резервирани. Тие сакаат да живеат со доследност и љубов.
Покрај тоа, луѓето родени под елементот на метал знаат што сакаат и ќе направат се за да ги постигнат своите цели и амбиции. Нивните недостатоци се желбата за моќ, луксуз и пари. Одлучни се и не поднесуваат неуспеси.
Елемент 2: Вода – Последниот број во годината на раѓање е 2 или 3
Луѓето родени под елементот на вода поседуваат квалитети како што се сочувство, шарм и емпатија. Имаат голема имагинација и снаодливост, а тоа ги прави успешни во кариерата поврзана со уметноста.
Овие луѓе имаат исклучителни инстинкти и се многу ориентирани кон деталите.
Елемент 3: Дрво -Последниот број во годината на раѓање е 4 или 5
Родените под елементот на дрвото се самоуверени и вредни. Оригинални се, сакаат нови искуства и сонуваат да го откријат светот околу нив, за бизарни места и загатки.
Тие никогаш не се однесуваат на себичен и егоистички начин.
Елемент 4: Оган – Последниот број во годината на раѓање е 6 или 7
Луѓето под елементот на оган се вистински авантуристи затоа што сонуваат да одат на пат околу светот. Имаат навика пребрзо да скокаат во работите.
Луѓето под елементот на оган се љубезни и природни; знаат како да ги заинтересираат луѓето.
Елемент 5: Земја – Последниот број во годината на раѓање е 8 или 9
Родените под елементот Земја се сигурни и знаат како да ги постигнат своите цели. Тие ја разгледуваат секоја работа во детали и никогаш не прават ништо незабележливо.
Луѓето на Земјата сакаат дисциплина и ред, па затоа секогаш живеат според нивниот план. Нивниот главен страв е стравот од непознатото, пренесува „ЦДМ“.