Утрински Весник
Македонија

 Џафери – Бегај: С.Македонија и Албанија се посветени на евроатланските интеграции

15042024 Pvrsm 2.jpeg

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска  во рамки на учеството на Меѓународниот форум за жени, мир и безбедност во Приштина, Република Косово, оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај. На средбата беше изразено задоволство од континуираниот политички дијалог меѓу Северна Македонија и Албанија, како и развојот на билатералните односи меѓу двете земји. Соговорниците ја нагласија двостраната посветеност кон добрососедските односи. Премиерот Џафери и претседателот Бегај, на средбата посочија дека Северна Македонија и Албанија, како сојузници во НАТО, се подготвени за продлабочување на меѓусебната соработка, со цел поактивен придонес за просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот и на евроатлантската заедница. На средбата беа разменети мислења и за европските интеграции, како и продолжување на реформските процеси во двете држави.

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ ги одби амандманите за заштита на жртвите на сексуално и семејно насилство

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје

Од денеска на сила стапуваат новите правила за управување со електрични тротинети