Утрински Весник
Македонија

Осветен храмот „Св. 40 Маченици“ на Смилковското езеро 

20240413134154 Big 730x400 81.webp.webp

Храмот „Св. 40 Маченици“ изграден на Смилковското езеро денеска беше осветен.

Храмот е изграден во слава и сеќавање на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Трпковски и Борче Стефковски кои беа убиени на 12. 04. 2012 година на ова место.

Како што соопшти Општина Гази Баба, иницијатор за изградбата на овој храм е здружението на граѓани „Св.40 Маченици“, а со посебна поддршка и помош од градоначалниците на општините Гази Баба и Бутел Бобан Стефковски и Дарко Костовски.

Чинот на осветувањето го изврши поглаварот на Македонската православна црква Охридска Архепископија г. г. Стефан.

– На ова место се случи исклучителна трагедија извршена од луѓе – нелуѓе, извршена од ѕверови во човечки кожа. Исто како 40те Маченици, животите на тие пет луѓе, христијани и македонци, чеда на мајката црква беа одземени поради само една причина, поради нивната христијанска вера и нивната македонска крв. Преку овие пет христијански души се покажува дека сведоштвото на мачениците претставува семе за црквата. И ете се изгради овој мал, но убав дом божји и денес ја имаме радоста да го осветиме, истакнал Г. Г. Стефан.

Тој упатил благодарност до сите кои помогнале за изградба на овој храм, а посебно до градоначалниците на Гази Баба и Бутел, Бобан Стефковски и Дарко Костовски за кој кажал дека ќе бидат одликувани од страна на Скопската епархија.

На осветувањето на храмот, присуствувале министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, пратениците Владо Мисајловски, Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и голем број на граѓани.

Можете да прочитате

Тошковски: Македонија доби „Македонска интервентна пожарна” од 43 специјални транспортни возила за справување со пожарите

Хеликоптер на МВР се вклули во гаснењето на пожарот кај Блаце

Министерството за здравство бара од медиумите да не пишуваат и да не земаат изјави од повредените од Кочани кои се рехабилитираат