Утрински Весник
Македонија

Евротинк истражување: Зголемено незадоволството на граѓаните по актуелната реорганизација на управните служби во МВР

Evrotink 730x375 1.webp.webp

Центарот за европски стратегии ЕВРОТИНК во својата најнова публикацијата „Перцепции и ставови на граѓаните на Република Северна Македонија за работата на полицијата во февруари 2024 година“ ја оценува работата на управните служби на МВР надлежни за процесот за промена на лични документи на граѓаните: лични карти, пасоши и возачки дозволи. Вo истражувањето се наведени два временски периода кои се анализирани, и тоа пред и по реорганизацијата на управните служби спроведена од техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.

Резултатите од истражувањето водат до два заклучока, и тоа во однос на достапноста на информации за процедурите за промена на лични документи и во однос на самата работа на управните служби. Имено, достапноста на информации во овој период е оценета негативно од 34%, односно една третина од примерокот, а позитивно од 27% испитаници, додека во 2022 година сликата била драстично различна, кога позитивни оценки беа дадени од 51 % (над една половина од примерокот), а негативни од 23 % од испитаниците. Во однос на работењето на управните служби во овој период речиси половина од испитаниците (47 %) негативно ја оценуваат работата на управните служби на МВР, наспроти само 19% позитивни оценки. За споредба, во 2022 година 48 % испитаници позитивно одговориле на ова прашање, додека 23 % дале негативна оценка.

Можете да прочитате

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим

61- годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија