Утрински Весник
Македонија

Два тунели за бегство најдени во затворот „Идризово“

Img 6011.jpeg

Два тунела кои требало да бидат употребени за бегство на непознат број затвореници се откриени во најголемиот македонски затвор КПД „Идризово“, пренесе денеска „360 степени“.

Постоењето на тунелите било потврдено при денешниот претрес на полицијата, по наредба на Обвинителството. Засега, нема официјална потврда за пронаоѓањето на тунелите.

Во единственото официјално соопштение од Обвинителството не се откриваат причините за наредбата за претрес.

„Во акција координирана од Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомневања за кривичноправни дејствија, утрово се извршени претреси во КПУ ’Идризово’ – Скопје со цел обезбедување доказен материјал“ – соопштија од Обвинителството.

Од МВР не споделија повеќе детали – зошто претресувале и што нашле во затворот.

„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (11.4.2024 г.) под координација на ОЈО Скопје и по барање на КПУ ’Идризово’, даде асистенција на затворот во вршење на претреси на повеќе простории со цел обезбедување доказен материјал поради сомневања за кривичноправни дејствија. Претресите се завршени и сите активности поминаа без никакви проблеми“ – соопштија од МВР.

Можете да прочитате

Во ДИК доделување на Уверенијата за пратеници за потврдените пратенички мандати

Истрага против две лица за примање наградата за противзаконито влијание

Средба Османи – Буршаков    – 24info.mk