Утрински Весник
Балкан

Хил: Меѓународната заедница не гледа благонаклоно на бојкотот на српската опозиција

Picture 591 660x487 1.jpg

Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил, по третата неуспешна средба меѓу претставниците на власта и опозицијата за подобрување на изборните услови, рече дека меѓународната заедница е против идејата за бојкот на изборите, јави дописникот на МИА од Белград. -Тука сум како набљудувач. Тоа беше многу тежок дијалог, меѓународната заедница не гледа благонаклоно на бојкотот, но тоа е прашање што ќе треба да го решат учесниците во дијалогот во Србија, рече тој, истакнувајќи дека е добро е да се водат разговори. „Тие не се само важни, посочи тој, туку и се тешки. Дијалогот е добар, иако често не води до договор, но важно е да се разговара“, смета Хил. -И не е важно само да се постигне договор.И ние во САД имаме такви дијалози, но мило ми е што гледам дека има позитивен тон во овие преговори. . . Но, секако сум свесен за сите присутни проблеми. Ние сме тука како набљудувачи, заинтересирани сме Србија да успее во тоа и да се спроведат препораките на ОДИХР, изјави Хил за новинарите. Третата средба меѓу власта и опозицијата со која претседаваше Ана Брнабиќ за спроведување на препораките на ОДИХР за подобрување на изборните услови, на која присуствуваа претставници на парламентарните партии, од невладиниот сектор и амбасадорите на САД и ЕУ, Кристофер Хил и Емануел Џофре заврши, повторно без резултат, откако опозицијата ги напушти разговорите. Изборите за собранието на град Белград се распишани за 2 јуни, додека останатите локални избори, меѓу кои и за белградските општини се уште не се распишани.

Можете да прочитате

Грчките земјоделци се подготвуваат за средбата со Мицотакис

Повеќе од половина Турција под метеоролошка тревога поради обилни врнежи од дожд, бури и лавини

Рама: Поплавени се 1587 објекти и над 13 илјади хектари земјоделско земјиште