Утрински Весник
Свет

ИДФ ги убиле синовите на Ханија без консултации со Нетанјаху, објавија израелските медиуми

20240411114424 Big 730x400 62.webp.webp

Повикувајќи се на високи израелски претставници, израелска новинска агенција објави дека Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант не биле однапред информирани за нападот, кој бил координиран од израелската војска и разузнавачката служба Шин Бет.

Тие изјавија дека Амир, Мохамад и Хазем Ханије биле мета затоа што биле борци, а не затоа што биле синови на политички лидер на Хамас. Израелската армија не ги коментираше информациите дека се убиени и четирите внуци на Ханије.

Кабинетот на премиерот и војската не беа веднаш достапни да ги коментираат извештаите на агенцијата.

Убиството на најблиските на Ханија може да ги искомплицира преговорите насочени кон обезбедување крај на борбите во Газа во замена за ослободување на 133 израелски заложници за кои се верува дека сè уште се заробени во опколената енклава.

Ханије рече дека Хамас има „јасни и специфични“ барања за согласност за каква било пауза во борбите.

„Непријателот е во заблуда ако мисли дека нападите врз моите синови, за време на екот на преговорите и пред движењето да ги испрати своите одговори, ќе го принудат Хамас да ја смени својата позиција“, рече вчера Ханија.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години