Утрински Весник
Македонија

Пендаровски за Александар Николоски: Пола живот живее на сметка на државата или на партијата

Pendarovskinegotino.jpg

Стево Пендаровски вечерва од Неготино остро му одговори на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за идните планови.

,,На почетокот на на мандатот, претходната кампања и пред вас и пред цела држава сум го кажал тоа дека по завршување на мојот мандат нема да ги користам привилегиите кои следуваат по закон. Меѓутоа, интересно е што тој човек го покренува тоа прашање. Тој човек, не знам кој знае, кој не знае, од своите рани дваесетти години или партијата или државата го финансира, буквално така. Значи тој е на јаслите на државата и на партијата од време кога бил во Унија на млади сили. Никогаш самиот нема ништо сработено и заработено во животот. Јас имам професија пред да станам претседател, кога ќе ми заврши мандатот ќе се вратам на таа професија. Но, таа одлука ќе ја донесам во 2029 година” порача Пендаровски од Неготино.

Пендаровски ги повика присутните на 24 април да го заокружат бројот еден на гласачкото ливче.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег