Утрински Весник
Свет

Општиот суд на ЕУ ги извади руските милијардери Фридман и Авен од листата на санкционирани лица

20240410125311 Big 730x400 18.webp.webp

Општиот суд на ЕУ денеска одлучи да ги отстрани руските милијардери Михаил Фридман и Петр Авен од списокот на лица под санкции на ЕУ поради руската инвазија врз Украина, почната во февруари 2022 година.

„Општиот суд смета дека ниту една од наведените причини не е доволно поткрепена со докази и затоа не е оправдано г. Авен и г. Фридман да бидат на споменатите списоци“, соопштија од судот со седиште во Луксембург.

Парите и имотот на Авен и Фридман беа замрзнати откако Европскиот совет воведе санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина.

И двајцата милијардери се главни акционери во конгломератот Алфа Груп, што ја вклучува големата руска приватна банка Алфа банка и најголемиот синџир за малопродажба на храна X5.

Судот пресуди дека милијардерите не требало да бидат на оваа листа од февруари 2022 до март 2023 година.

Со одлука во март 2023 година, ЕУ повторно воведе санкции за оние двајца милијардери кои се пожалија на санкциите.

Судот објасни дека Советот можеби имал основа да заклучи дека тие се тесно поврзани со рускиот претседател Владимир Путин, но тоа не докажува дека тие поддржувале акции или политики против Украина или дека финансиски ги поддржувале руските носителите на одлуки.

Можете да прочитате

Израелската армија објави дека започнала операција за воспоставување контрола врз градот Газа

Нови американски санкции против судии на Меѓународниот кривичен суд

На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца