Утрински Весник
Македонија

Костадиновска-Стојчевска: Бајрам потсетува на вредностите за мир, толеранција и единство

Ministerka Kostadinosvka Sto Chevska.jpg

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Македонија.

„Бајрам Шериф Мубарек Олсун на сите сограѓани од исламска вероисповед кои изминатите 30 дена беа истрајни во постот и со одрекувања, молитва и трпение го дочекаа денешниот најголем и најрадосен празник, Фитр Бајрам.

Претстојните Бајрамски денови се награда и радост за муслиманите, но и порака до сите дека универзалните вредности на мир, меѓусебно почитување, заедништво, сочувство, толеранција и разбирање се клучот за успехот.

Споделувајте ја радоста на Бајрам со вашите најблиски, семејството, роднините, пријателите, соседите, како и со оние на кои им треба помош во текот на овие денови, за сите да можат да ја почувствуваат вистинската убавина на Бајрам.

Нека денешниот празник ги исполни вашите домови со здравје, љубов и благосостојба, додека заедно градиме подобра иднина базирана на европските вредности и мултиетничката хармонија“, напиша министерката за култура во својата честитака, соопшти Министерството за култура.

Можете да прочитате

Вечерва седница на ЦО на СДСМ, ќе се бираат членови на раководството

Левица: ДПМНЕ дрско го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

СДСМ: Апсурдно, Мицкоски врши партизација а ветува деполитизација