Утрински Весник
Магазин

Четири здравствени придобивки од редовното консумирање авокадо

Avocado Fresh2.jpg

Авокадото е популарно овошје кое многу луѓе сакаат да го јадат во различни комбинации. Има кремаста боја и благ, јаткаст вкус и е познат по бројните хранливи материи. Оваа храна содржи здрави масти, витамини и минерали, што ја прави одличен избор за редовно консумирање во исхраната.

Диететичарот Кејал Шах издвои неколку здравствени придобивки поврзани со редовното јадење авокадо.

Го зголемува внесот на хранливи материи
Авокадото е нутритивно богата храна, која содржи витамини, минерали и здрави масти. Според студијата објавена во списанието Nutrients, авокадото е богато со хранливи материи како што се магнезиум, витамини Б6, Ц и Е, фолати и калиум. Диететичарот Шах истакнува дека јадењето авокадо „може да ги охрабри поединците да дадат приоритет на друга храна богата со хранливи материи за да го надополнат авокадото“.

Влијае на чувството на ситост
Богато со растителни влакна и здрави масти, авокадото може да помогне да се поттикне чувството на ситост и задоволство после оброк. Диететичарот се согласува со ова и истакнува: „Вклучувањето на авокадото во оброците може да спречи прејадување и грицкање помалку хранлива храна. Ова може да доведе до побалансиран и внимателен пристап кон јадењето“.
Според Health Shots, студија објавена во Current Developments in Nutrition наведува дека конзумирањето на авокадо е поврзано со зголемена ситост, губење на тежината и намалени стомачни масти.

Го подобрува здравјето на цревата
Авокадото е богато со диетални влакна, кои се важни за здравјето на дигестивниот систем и функцијата на цревата, а можат да помогнат во регулирањето на телесната тежина преку промовирање на чувството на ситост. Исто така, влакната помагаат во регулирање на нивото на шеќер во крвта. Оваа храна може да се комбинира во слатки и солени јадења, што им овозможува на луѓето кои сакаат авокадо да експериментираат со различни техники за готвење и подготовка на оброци, пишува Health Shots.

Го намалува ризикот од срцеви заболувања
Авокадото помага со холестеролот и позитивно влијае на здравјето на срцето. Редовното консумирање на ова овошје го зголемува добриот ХДЛ холестерол, кој го штити срцето и го намалува оксидираниот лош ЛДЛ холестерол. Лошиот холестерол е одговорен за таложење на наслаги на ѕидовите на артериите, според студијата објавена во Journal of Nutrition. На унапредувањето на здравјето на срцето влијае и тоа што авокадото е богато со калиум и магнезиум, кои влијаат на регулацијата на крвниот притисок.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста