Утрински Весник
Балкан

Урнебесен изборен плакат на Алка Вуица: Кандидатура во леопард фустан и индијанска перјаница

O 1917228 1024.jpg
Dik 300x250 mk

Откако неодамна ја објави својата кандидатура на изборите во Хрватска, пејачката Алка Вуица сега го објави и својот предизборен плакат.

Изборниот плакат на Алка е урнебесен, а пејачката е облечена во фустан со леопард принт и има индијанска перјаница на главата. Слоганот на нејзиниот плакат гласи: „Доаѓаат реки на правдата“.

Откако Алка Вуица влезе во СДП во 2022 година, хрватската пејачка се најде на листата на кандидати на споменатата партија за парламентарните избори што ќе се одржат на 17 април годинава.

Вуица е на 14. место на изборниот список во шестата изборна единица. Интересно е што ова не е првпат пејачката да се испроба во политиката.

Имено, Вуица во 2009 година одлучила да ја започне својата политичка кариера и планирала да се кандидира на претседателските избори како кандидат на Партијата на зелените. Во таа прилика таа изјави дека нејзината популарност и дава „позиција од која сака и мора да зборува“.

Но, нејзините соништа за политичка кариера не траеја долго бидејќи по два месеци објави дека се повлекува од кандидатурата поради недоволен број на собрани потписи.

Можете да прочитате

Пожар во дом за стари лица во Тузла – девет загинати, повеќемина повредени

Во Република Српска потврден случај на тифус кај студентка од Индија

Во Косово не смее да се носи Хиџаб во училиштата: Забраната ја потврди Врховниот суд