Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за сопственик на угостителски објект од Берово

Polici a.webp.webp

На 03.03.2024 во координирана акција на Одделот за криминалистичка полиција, ОВР Берово, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат беше извршена акциска контрола во простории на правно лице – угостителски објект од Берово, во тек на работно време, а при преглед кај Г.Г., управител и сопственик на објектот, пронајдена е и одземена марихуана.

Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”, против него е поднесена кривична пријава по член 215 став 2 од Кривичниот законик. Покрај ова, од страна на Управата за јавни приходи констатирани се непријавување на дневен промет и неиздавање на фискални сметки, додека од страна на Државниот пазарен инспекторат е констатирано пушење цигари во правниот објект, поради што изречена е соодветна санкција.

Можете да прочитате

Автомобил се преврте на автопатот Скопје–Велес, повредени три девојки

Имплементација на пресудите на Европскиот суд за човекови права во фокусот на дебатата во Талин

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал