Утрински Весник
Балкан

Макрон-Вучиќ: Франција ќе продолжи да ја поддржува посредничката улога на ЕУ за да се постигне нормализација на односите меѓу Србија и Косово

1712602561 Profimedia 0863383579 750x500 1.jpg

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Франција, Емануел Макрон вечерва пред билатералната средба во Париз се обратија пред новинарите во Елисејската палата. Во своето обраќање Макрон рече дека е важно учесниците во вооружениот конфликт во Бањска минатата година да бидат изведени пред лицето на правдата, пренесуваат медиумите од регионов. -Нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово е ветување и заложба за стабилноста на регионот и целиот континент, Франција ќе продолжи да ја поддржува посредничката улога на ЕУ, сакам да ги поздравам гестовите на двете страни, но сега треба да одиме уште подалеку, изјави францускиот претседател. Макрон посочи дека европската интеграција на Србија е заеднички интерес. Пред заедничкото обраќање, беше организиран свечен дочек пред Елисејската палата. Со Вучиќ во Франција е и министерот за финансии во техничката влада, Синиш Мали. Претседателот на Србија денеска се сретна со претседателот на францускиот Сенат, Жерар Ларше, со кого разговараше за подобрување на билатералните односи меѓу двете земји, европскиот пат на Србија, како и регионални и глобални прашања. Претходно денеска беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Владата на Србија и Француската електроенергетска компанија (ЕДФ) за воспоставување рамка за долгорочен дијалог во областа на енергетската транзиција и технологијата со ниска потрошувачка на јаглерод. Вучиќ се сретна и со претставници на француската компанија „ЕДФ“. Вучиќ претходно изјави дека со Макрон ќе разговараат на различни теми, пред се за соработката меѓу двете земји, а главни теми ќе бидат односите меѓу Белград и Приштина, како и можноста за прием на Косово во Советот на Европа.

Можете да прочитате

Протест на опозицијата во Tиранa, полицијата употреби солзавец и водени топови

Се огласи жената која ја претепа Слобода Миќаловиќ: Почна да ја споменува мајка ми

Бојко Борисов: Ја повлекувам кандидатурата за премиер на Бугарија