Утрински Весник
Балкан

Бугарија е против идејата ЕУ да го промени принципот на едногласност во одлучувањето

Radev Varheji.jpg
Dik 300x250 mk

Бугарскиот претседател Румен Радев на денешната средба со еврокомесарот за проширување Оливер Вархији му кажал дека Бугарија е против идејата Европската Унија да го промени принципот на едногласност во одлучувањето од страна на земјите членки. Радев истакнал дека реториката во Македонија за време на изборната кампања не оди во насока на дијалог меѓу двете земји. Радев изразил очекување дека по завршувањето на изборната кампања и изборите во Македонија  политичката ситуација да овозможи „целосно спроведување на европската одлука од јули 2022 година“. Според Радев добрососедството е главен аспект во процесот на проширување и ја истакнал подготвеноста на Бугарија, без оглед на негативните пораки од Скопје, да ги обноват напорите за конструктивна билатерална соработка. Радев и комесарот Вархеји разговараа и за разгледаните опции за идни реформи на ЕУ, вклучително и промени во механизмите за одлучување во Советот на ЕУ. Шефот на бугарската држава изјавил дека на темата за проширувањето – Бугарија категорично го поддржува зачувувањето на принципот на едногласност, се наведува и во соопштението.

Можете да прочитате

Граѓаните на Тузла на протест бараат одговорност за пожарот во пензионерскиот дом

За граѓаните во Албанија најголема закана по националната безбедност се корупцијата и организираниот криминал

Милановиќ: ЕУ одамна престана да биде мировен проект, ниту НАТО е одбранбен сојуз