Утрински Весник
Македонија

Тошковски во посета на ПО Шуто Оризари

05 1 Scaled.jpg

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Полициското одделение (ПО) Шуто Оризари каде одржа работен состанок со дел од полициските службеници во оваа организациска единица.

Од страна на командирот на ПО Шуто Оризари министерот Тошковски беше запознаен дека ова одделение не покрива големо подрачје, но е густо населено и живеат голем број на жители. Од тие причини треба да се размислува во иднина оваа организациска единица да се траснформира во Полициска станица каде ќе работат повеќе полициски службеници со цел да можат да одговорат на потребите за одржување на поволна безбедносна состојба.

Исто така, беше посочено дека ПО Шуто Оризари се соочува со незадоволително ниво на кадровска пополнетост и располагаат само со едно возило со кое ги вршат сите работни задачи.

Во однос на изборите на ова подрачје се наоѓаат три избирачки места и од страна на полициските службеници ќе бидат преземени сите неопходни мерки за безбедно и мирно спроведување на изборниот процес.

Своето присуство во Шуто Оризари министерот Тошковски го искористи и да упати честитка до нашите сограѓани од ромска националност кои денеска го слават 8-ми април – Меѓународниот ден на Ромите.

Можете да прочитате

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите