Утрински Весник
Балкан

Мајката на убиецот на Данкa оди на распит, знае ли каде е телото на девојчето?

Danka 1.jpg

Во просториите на Вишото јавно обвинителство ќе биде сослушана и мајката на Дејан Драгијевиќ, осомничениот за убиството на девојчето Данка од Бањско Поље, пишува Курир.

Нејзиниот сопруг и син наводно му помогнале на Дејан да го скрие телото. Далибор Драгијевиќ почина во полициски притвор, додека на неговиот татко Радослав Драгијевиќ му е одреден истражен затвор.

Се уште не е познато каде се наоѓа телото на девојчето. Од Министерството за внатрешни работи на Србија, изјавија дека претресот на теренот е насочен кон оние локации каде што осомничените изјавиле дека го оставиле телото на Данка Илиќ. Сега конкретно се испитува коритото на Злоцка река. И натаму се пребарува Лазаровиот кањон во потрага по телото на Данка. Тоа е еден од најкомплексните подземни тунели во Србија. Во некои делови кањонот е длабок 500 метри, што го отежнува пребарувањето на и онака тешкиот терен.

Можете да прочитате

Бериша ја обвини владата на Рама за „најраспаднат режим“, најави масовен протест на 24 јануари

Србија повторно добива нафта преку Јанаф

Вучиќ во посета на Обединетите Арапски Емирати