Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Пронајдени изгубените велосипедисти на Беласица

Belasica.jpg
Dik 300x250 mk

Пронајдени се двајцата велосипедисти кои се загубиле вчера на планината Беласица, некаде над село Банско, информира Центарот за упрување со кризи (ЦУК).

Вчера во 16.50 часот во Регионалниот ЦУК Струмица на Единствениот број за итни повици 112 било пријавено дека велосипедистите се изгубиле.

-Веднаш била пратена патрола од гранична полиција и стапиле во контакт со двајцата велосипедисти. Околу 19.30 часот биле спуштени велосипедистите со помош на гранична полиција на безбедно и пред да настапи ноќта, се вели во соопштението.

ЦУК информира дека поголем број неексплодирани убојни средства, конкретно 80 минофрлачки гранати од 60 милиметри од Првата светска војна биле пронајдени во село Рибарци, Општина Новаци.

Регионалниот ЦУК Битола информира дека тие безбедно биле подигнати и отстранети од страна на овластениот пиротехничар од ДЗС Битола.

Кога ќе се најдат, при прошетки на терен, неексплодирани средства од минатите војни, не треба да се фаќаат, да се поместуваат ваквите стари гранати, бомби и слични опасни неексплодирани средства, едноставно само треба веднаш да се пријави на 112 во ЦУК за нивната локација, соопшти ЦУК.

Можете да прочитате

ОВР Дебар лиши од слобода лица за семејно насилство и поседување дрога

„Македонски сновиденија“ на Националниот џез оркестар ќе ги отвори 25. Есенски музички свечености

Полицицијата уапси стружанец и го врати во затвор за да си ја долежи казната