Утрински Весник
Македонија

Петровска во посета на компанијата „Актива“ во Штип, компанија која е регистрирана за учество на пазарот на НАТО

Petrovska.jpg

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска ќе ја посети компанијата „Актива“ во Штип, која од крајот на февруари е внесена во евиденцијата на економски оператори од Северна Македонија кои можат да учествуваат на тендерите на НАТО.

Со членството во НАТО, како што информира Министерството за одбрана, македонските компании добија можност за пристап до пазарот на Алијансата.

Министерството за одбрана оформи Центар за поддршка на компаниите чија основна цел е да ги води компаниите во процесот на евидентирање на економски оператори, со што се отвора пристапот до пазарот на НАТО. Досега 44 компании, вклучувајќи ја и компанијата „Актива“ се внесени во овој регистар и можат да учествуваат на тендерите на Алијансата.

Можете да прочитате

Заедничка акција на МВР и Шумската полиција – одземаат украдени огревни дрва во Арачиново

Полицајци вдишале чад при гасење пожар во обиен објект

СДСМ: Обвинителот Ало Савески доби нови задачи од Мицкоски, овој пат на празник