Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Се огласи МВР: Приведените лица на фудбалскиот натпревар меѓу кои и новинарот Салиу се за напад на полициски службеници   

Policijaa 1.png
300x250 opst2

 Денеска ( 07.04.2024) околу 17 часот на фудбалскиот стадион во с. Средно Коњари за време на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК “БВК Коњаре” и ФК “Куманово”, на дваесетина минути пред крајот на натпреварот дошло до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи. Обидот е спречен од страна на службите кои го обезбедуваа натпреварот и натпреварот бил прекинат. 

За време на интервенцијата, од страна на две лица нападнати се припадници на Единицата за брзо распоредување. Лицата кои го извршиле нападот веднаш се приведени и утврдено е дека станува збор за Ф.С.(33) од с. Арачиново и Н.Ј. (26) од с. Арачиново, додека С.Б. (40) од с. Арачиново  е приведен за учество во тепачка.  Дополнително, околу 18 часот, при преглед на патничко возило “дачија дастер”, сопственост на Ф.С., а управувано од Ф.А.(34) од с. Кондово со сопатник А.Р. (21) од с. Кондово, во багажникот е пронајден пиштол. СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Можете да прочитате

УХМР: До вторник стабилно време, во среда локален дожд, од четврток температурите во пораст

Уапсен жител на Ваташа, уништувал плакати среде ноќ

Кавадарчанец лишен од слобода, со 3,32 промили алкохол во крвта управувал возило и учествувал во сообраќајка