Утрински Весник
Македонија

Здравствените работници ќе протестираат за поголеми плати

Tabla Mz.jpg

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија поддржан од Сојузот на синдикатите на Македонија (СММ) утре (8 април) организира протест под мотото „Здравството на протест за плати”. Излегувањето на протест е поради незадоволството од непотпишувањето на Анексот на Колективниот договор за здравствената дејност кој го подготви Самостојниот Синдикат за здравство, а со кој требаше да се зголемат платите на сите вработени во дејноста. Протестот ќе започне во 9 часот пред Работничкиот дом и во 10 часот ќе продолжи пред Министерството за здравство. „Протестираме за да кажеме дека бараме да се потпише Анексот веднаш по завршување на изборниот процес, но со дополнително соодветно зголемување на коефициентите на вработените согласно зголемените трошоци на живот“, велат од Синдикатот. Оттаму ги повикуваат политичките партии кои претендираат да ја водат државата и како нивен иден социјален партнер да ги слушнат нивните барања. „Протестираме за да покажеме дека сме тука, дека не отстапуваме од нашите барања за зголемување на платите на вработените во дејноста и веруваме дека ќе бидеме слушнати. Ако не нѐ слушнат ќе се вратиме повторно и ќе се вратиме побројни“, се вели во најавата за протестот.

Можете да прочитате

„М“ на Вардан Тозија со две награди во Мексико, наскоро британска и косовска премиера

Се испитува одговорноста на две лица за сообраќајката во која загинаа татко и син на автопатот Скопје – Куманово

Со помош на Брисел ќе се наоѓа решение за Коридорот 8, вели Мицкоски