Утрински Весник
Магазин

И покрај благодетите на јаболката, постои момент кога не смеете да ги консумирате

Jabuke.jpg

Она што повеќето луѓе не го знаат е дека постои одредено време кога јадењето јаболко може да биде контрапродуктивно за телото. Кога е најлошото време?

Најлоша опција е да јадете јаболко навечер, кога метаболизмот се забавува и телото влегува во фаза на одмор. Во тој момент телото не може правилно да ги свари хранливите материи од јаболкото, па не може целосно да ги искористи, што значи дека од него не ги добивате сите придобивки.

Најдобро време за јадење јаболко е наутро. Високиот процент на влакна во јаболката придонесува за здраво функционирање на дигестивниот систем, што може да го продолжи чувството на ситост помеѓу оброците.

Исто така, важно е да се напомене дека ако јадете јаболко после вежбање, вашето тело можеби нема ефикасно да ги апсорбира хранливите материи од него. Тоа е затоа што на телото му требаат протеини за обнова на мускулите и јаглехидрати за енергија.

Јаболката се познати по тоа што го подобруваат варењето, го решаваат проблемот со запек, го зајакнуваат имунитетот, го намалуваат ризикот од дијабетес и холестерол, а се корисни и за здравјето на забите.

Исто така, тие се богати со витамин Ц. Според истражувањето на „Харвардската школа за јавно здравје“, едно јаболко содржи околу 95 калории, без масти, но има 1 грам протеини, 25 грама јаглени хидрати, 19 грама природни шеќери и 3 грама влакна.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста