Утрински Весник
Балкан

Во потрагата по телото на Данка се пребарува и пештера

Danka.jpg

Припадниците на МВР интензивно вршат детален претрес на теренот на територијата на градот Бор во потрага по телото на двегодишната Данка Илиќ, за чие убиство се осомничени С. Ј. (1974) и Д. Д. (1974), двајцата од Бор, кои се уапсени на 4 април годинава.

Повеќе од десетина припадници на полицијата на МВР со најсовремена опрема во моментов ја пребаруваат Лазаревата пештера, која се наоѓа на околу три километри од селото Злот, каде што живее осомничениот Д. Д., како и Лазаревиот кањон и целата површина покрај Злотска река во потрага по телото на детето кое, како што се сомнева, го префрлиле од депонијата кај Бањско Поље вториот ден по извршувањето на кривичното дело.

-Припадници на МВР ќе извршат опсежен претрес на територијата на градот Бор за да го пронајдат телото на девојчето и да ги утврдат сите околности под кои таа починала, се наведува во соопштението одМВР.

Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а припадниците на МУП ги уапсија Ј. С. и Д. Д., поради сомнение дека го убиле девојчето.

Можете да прочитате

Протест на опозицијата во Tиранa, полицијата употреби солзавец и водени топови

Се огласи жената која ја претепа Слобода Миќаловиќ: Почна да ја споменува мајка ми

Бојко Борисов: Ја повлекувам кандидатурата за премиер на Бугарија