Утрински Весник
Свет

Уапсена Грета Тунберг

Qq.webp.webp

Грета Тунберг, шведската активистка против климатските промени, беше приведена денеска за време на големите демонстрации во Хаг, Холандија.

Покрај Тунберг, локалната полиција приведе и голем број други демонстранти кои се обиделе да го блокираат главниот пат, пренесуваат британските медиуми.

Организацијата „Extinction Rebellion“ претходно најави дека денеска ќе го блокира автопатот А12 во Хаг во знак на протест против владината поддршка за индустријата за фосилни горива.

Минатиот ноември Тунберг присуствуваше на климатскиот марш во Амстердам заедно со десетици илјади луѓе.

Можете да прочитате

Шефот на чешката разузнавачка служба: Русија би можела да го тестира НАТО со напад врз Балтикот

Над 30 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Пакистан

Русија со драматично предупредување: Напуштете го Киев веднаш!