Утрински Весник
Македонија

ОД СРЕДА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Дали кон средината, па и во втората половина на овој месец ќе ни биде присутен пролетниот планински снег?!

A2464964 D8fd 4eea A4b1 Aeb1df6156ed.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Дали од средината на следната седмица, односно некаде од среда, четврток ќе ни биде потребна потопла облека? А не како што се навикнавме уште од самиот почеток на оваа пролет, со лесна облека, дури некои граѓани и со куси ракави.

Според она што повеќе нумерички модели го цртаат, од среда очекуваме постепена промена на времето и пад на температурите на воздухот. Поради пристигнување на поладен воздух од север, и тоа на загреана и топла Атмосфера, би можело да дојде и до локален развој на грмотевични облаци (или нестабилна облачност), проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

Во ваква состојба, не се исклучуваат ни локални поинтензивни Атмосферски процеси (во форма на невреме), па така е можна и појава на град во делови од Македонија. Според она што е достапно моментално на нумеричките модели, некаде кон средината, па и во втората половина на овој месец на планините ширум регионот, па така и во Македонија не се исклучува можноста да се случи да провее и по некоја пролетна снегулка.

Можете да прочитате

Целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски граѓани од погодените земји на Блискиот Исток

Врховниот суд ја потврди казната за Јованов од 13 години во случајот „Кулакова“

Макрадули загрижен за СДСМ, молкот не е решение