Утрински Весник
Балкан

Мајката на осомничениот за убиството на малата Данка повикана на распит во полиција

Screenshot 2024 04 05 214134.png

Мајката на Дејан Драгијевиќ, еден од осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ, е приведена на информативен разговор во полицијата на Бор во рамки на истрагата за телото на несреќното девојче. Потсетуваме дека работниците на ЈКП „Водовод“ Дејан Драгијевиќ (50) и Срѓан Јанковиќ (50) беа уапсени вчера под сомнение дека на 26 март годинава ја убија Данка Илиќ (2), објави Телеграф.рс. Тие во полиција признале дека тој ден го удриле девојчето со службениот автомобил „панда“, дека потоа ја ставиле во автомобилот меѓу алатите, дека детето во еден момент се освестило, а едниот го удавил. Од телото се ослободиле тој ден на депонијата на Старобањска, но едниот се вратил и го пренел телото на друга локација. Но, ниту Дејан, ниту Срѓан не можат да се сетат каде е телото, ниту пак кој ја удавил со голи раце. Мајката и таткото на осомничениот Дејан Драгијевиќ од Злот едвај дишат. Не можат да замислат дека нивниот син е уапсен за тешко убиство на дете. Тие се на лекови. – Не знам ништо за злосторството, ниту за синот. Тој беше уапсен. Не сум жив откако слушнав што се случи. Јас сум срцев пациент, сега пијам две кутии лекови… Не го ни видов деновиве – вели мајката на осомничениот Драгијевиќ. Дејан и Срѓан денеска се сослушани во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Како што се дознава од истрагата, Срѓан дури вториот ден учествувал во потрагата по детето во Бањско Поље. Ги издал ГПС системот што го имале во службеното возило, како и крвта пронајдена во автомобилот.

Можете да прочитате

Српската актерка Слобода претепана – пренесена во Ургентен центар во Белград

Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода

Масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил