Утрински Весник
Свет

Рочиштето за гаранцијата на Трамп од 175 милиони долари закажано за 22 април

1707475251 Unnamed File.webp.webp

Судот во Њујорк на 22 април ќе одржи сослушување за гаранцијата од 175 милиони долари што поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја уплати како дел од неговата жалба за пресудата за измама од 454 милиони долари, соопшти канцеларијата на државниот јавен обвинител.

Канцеларијата на њујоршката обвинителка Летиција Џејмс соопшти дека Трамп мора да обезбеди доказ дека компанијата што ја именуваше за прокнижување на гаранцијата-„ Knight Special Insurance Company“, има доволно средства да ја плати сумата доколку неговата жалба биде одбиена, пренесуваат британските медиуми.

Трамп за влакно спречи можно заплена на имотот кога Апелацискиот суд на 25 март се согласи да нареди одложување на извршувањето доколку во рок од 10 дена плати кауација во износ од 175 милиони долари, што тој го направи на 1 април.

Судот претходно пресуди дека Трамп и неговата компанија незаконски ја зголемувал вредноста на своето богатство и манипулирале со вредноста на имотот за да добијат поволни заеми од банките и поволни услови од осигурителните компании.

Можете да прочитате

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната