Утрински Весник
Свет

Полска бара нападот на Израел врз хуманитарните работници во Газа да се третира како воено злосторство

Gaza 1.jpeg

Полска бара отштета од Израел за семејствата на седумте хуманитарни работници од Светската централна кујна (WCK) кои беа убиени во напад на израелската армија во Газа, а претседателот на парламентот, Шимон Холоња, побара тоа да се истражи и са следи казна како воено злосторство.

Полска не само што треба да бара отштета за семејството на Полјакот кој загина во нападот на хуманитарниот конвој, туку и да го гони убиството како воено злосторство. Јасно е дека Израелците имаат право да се бранат себеси и својата територија од терористите на Хамас, но никој нема право да убива цивили кои носат помош, изјави претседателот на Долниот дом на полскиот парламент, Шимун Холоња.

Тој ја нарече несреќна реакцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој рече дека „такви работи се случуваат во војна“, а полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека израелскиот премиер, како и амбасадорот во Варшава, кој ги отфрли критиките за напад како антисемитски, се ставени на тежок тест.

-Денеска ја ставате на тест солидарноста. Трагичниот напад врз доброволците и вашите реакции предизвикуваат разбирлив гнев – им порача полскиот премиер Туск на премиерот и амбасадорот на Израел на платформата Х.

Вчера во разговор со израелскиот амбасадор во Варшава и шефот на израелската дипломатија, полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изрази огорченост и го осуди нападот на конвојот и смртта на полскиот волонтер Дамијан Собул и побара независна истрага и отштета за семејствата на загинатите хуманитарци.

Кривична истрага започна и полското обвинителство, а Шикорски побара израелската страна целосно да соработува во неа.

-Ако е вистина дека конвојот бил цел на напад затоа што таму наводно имало терорист и поради тоа биле жртвувани животи на цивили, не знам систем во кој тоа би можело да се оправда. Ако беше така, Израел мора да се извини и да плати отштета на семејствата на жртвите – изјави Шикорски за денешното јавно полско радио.

Шикорски му порача на амбасадорот на Израел во Варшава дека е време да се извини и да се покае, а не да се разгорува страста.

Пораката на израелскиот амбасадор во Варшава Јаков Ливин на критиките за нападот на конвојот дека „антисемитите секогаш остануваат антисемитисти“ предизвика жестока огорченост во Полска, иако амбасадорот директно реагираше на лидерот на радикалните националисти од Конфедерациската партија, заменик-претседателот на Сејмот Кшиштоф Босак и неговата осуда за нападот врз конвојот дека тоа е воено злосторство.

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет