Утрински Весник
Свет

Швајцарија: Три лица загинаа во лавина

Z0204avalanche02 1712018415.webp.webp

Во лавина во близина на швајцарскиот ски-центар Зермат, загинаа три лица, а едно е повредено.
Како што јавува Анадолија, полицијата соопшти дека лавината настанала надвор од организираните скијачки патеки, на теренот каде искусни скијачи скијаат во длабок снег.

Властите започнаа спасувачка акција и покрај многу лошите временски услови, а операцијата беше прекината во понеделникот вечерта кога спасувачите пронајдоа три тела и едно повредено лице.

Во таа област во Швајцарија се забележани обилни врнежи од снег и ветер.

Надлежните во центарот за зимски спортови издадоа предупредување за голема опасност од лавина во јужните швајцарски Алпи.

Властите предупредија дека условите се многу опасни.

Лавините оваа сезона веќе затрупаа 14 лица во Швајцарија, а повеќето од жртвите беа скијачи на крос-кантри.

Можете да прочитате

Стампедо во храм во Индија, седум лица загинаа

Германски град препорача евакуација поради голем пожар во Белгија

Над 700 камиони со хуманитарна помош влегоа во Авганистан од Пакистан